Според МВР, оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2 156 евра. Паричните средства во три наврати се подигнати од страна на пријавеното лице
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи пред два дена поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – компјутерска измама.

Како што информираат денеска од МВР, осомничениот во текот на февруари со намера да стекне противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа Инстаграм, со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.
При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на начин преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе ѝ биде исплатена сума преку банка во износ од 20 157 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка.
Според МВР, оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2 156 евра.
Паричните средства во три наврати се подигнати од страна на пријавеното лице.