Премиерот изрази надеж дека ребалансот ќе биде изгласан во Собранието во предвидениот рок, но и дека низ парламентарна дебата ќе се усвојат некои амандмани што ќе бидат предложени
Тој уште еднаш потсети дека ребалансот на Буџетот предвидува намалување на трошоците кои, како што рече, не мора да се случат во кризна година, a додаде и дека со него се предвидуваат зголемување на платите во образованието, како и исплата на сите обврски што државата ги има кон сите општествени страни, но и поддршка за стопанството
Премиерот Димитар Ковачевски изрази очекување дека Министерството за финансии во наредните денови ќе ги достави финализираните документи за ребалансот на Буџетот до Владата, а оти потоа тој ќе биде усвоен во Собранието преку, како што кажа премиерот, парламентарна дебата.
Премиерот изрази надеж дека ребалансот ќе биде изгласан во Собранието во предвидениот рок, но и дека низ парламентарна дебата ќе се усвојат некои амандмани што ќе бидат предложени.
„Министерот за финансии ќе го достави предлог-ребалансот до Владата и откако ќе биде одобрен тој ќе биде доставен до пратениците на дискусија, на расправа и на одобрување и се надевам дека низ парламентарна дебата, како што сме имале во минатото, бидејќи јас бев претставник на Владата во четири наврати во два буџета и во два ребаланса, ќе се усвојат и некои амандмани што ќе бидат предложени како што било и секогаш, меѓутоа во рок што е предвиден ќе биде изгласан ребалансот“,
посочи премиерот.
Ковачевски уште еднаш потсети дека ребалансот на Буџетот предвидува намалување на трошоци кои, како што рече, не мора да се случат во кризна година, a додаде и дека со него се предвидуваат зголемување на платите во образованието како и исплата на сите обврски коишто државата ги има кон сите општествени, но и поддршка за стопанството.