Сообраќајката се случила на патот што е во насока кон Скопје

Утринава околу 7 часот се случила сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Скопје, веднаш по наплатната станица „Преод“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во верижниот судир учествувале осум моторни возила. Сообраќајката се случила на патот што е во насока кон Скопје.
Полициски екипи излегле на терен и вршат увид за утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Засега нема информации за евентуални повредени лица.
