Мачадо вели дека ова е пресвртница и оти е значајно не само за венецуелскиот народ, туку и „за човештвото, за слободата и за човековото достоинство“

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се поради закани од авторитарното раководство на нејзината земја, вели дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „огромен чекор за човештвото, за слободата“.
Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро.
„3 јануари ќе влезе во историјата како ден кога правдата триумфира над тиранијата“,
изјави синоќа Мачадо за „Фокс њуз“.
Мачадо вели дека ова е пресвртница и оти е значајно не само за венецуелскиот народ, туку и „за човештвото, за слободата и за човековото достоинство“.
Таа му се заблагодари на Доналд Трамп во име на Венецуелците и на неговата „администрација за нивната цврстина и решителност во почитувањето на законот“.
„Слободата на Венецуела е близу и наскоро ќе славиме во нашата земја“,
рече таа.
Зборувајќи за Мадуро, таа вели дека „тој апсолутно го контролирал системот и изборниот совет“ и додава дека било невозможно да се спроведат независни избори во Венецуела.
„Успеавме да ја обединиме земјата за да ги спроведеме овие избори организирани од граѓанското општество со учество на милиони луѓе. И фактот е дека, кукавички, тој се плашеше од нас, се плашеше од мене. Мадуро мислеше дека со тоа што ќе ме забрани, ќе нè спречи да победиме. Но, се случи токму спротивното. Едмундо Гонзалез Урутија застана на мое место, и се движевме низ целата земја и успеавме да ја обединиме земјата и да го победиме Мадуро со убедлива победа“,
рече таа.
VENEZUELAN OPPOSITION LEADER @MariaCorinaYA SAYS MADURO BANNED HER FROM THE BALLOT BECAUSE HE WAS AFRAID:
— Sean Hannity 🇺🇸 (@seanhannity) January 6, 2026
"We were able to bring the country together to carry these elections organized by civil society with millions of people participating. And the fact is that, cowardly, he… pic.twitter.com/3m2ys39Yh3
Мачадо додаде дека „планира да се врати“ во Венецуела „што е можно поскоро“.
Според неа, на привремената претседателка Делси Родригез „не може да ѝ се верува“ и вели дека следната транзиција на Венецуелците мора да продолжи.
Откако во саботата американските сили нападнаа цели во Венецуела и ги заробија Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, Мачадо повика опозицискиот политичар Едмунд Гонзалез Урутија да биде избран за претседател. Опозицијата и меѓународните набљудувачи веруваат дека 76-годишниот поранешен дипломат победи на претседателските избори во 2024 година, кои беа нарушени со обвинувања за измама.
Тој се кандидира затоа што на Мачадо ѝ беше забрането да се кандидира.
