Мачадо ја освои овогодишната Нобелова награда за мир во октомври за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ. Наградата традиционално се доделува на 10 декември во Градското собрание на Осло
Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо, нема да присуствува на церемонијата на доделување награди во Осло поради закани од авторитарното раководство на нејзината земја, објави Нобеловиот институт.

Директорот на институтот, Кристијан Берг Харпвикен, за НРК изјави дека венецуелската опозициска лидерка не е во Норвешка и нема да се појави на сцената на церемонијата.
Мачадо ја освои овогодинешната Нобелова награда за мир во октомври за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ. Наградата традиционално се доделува на 10 декември во Градското собрание на Осло.
Сепак, со недели постоеше неизвесност околу пристигнувањето на Мачадо поради нејзината ситуација во Венецуела, каде што се крие.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела неодамна се закани дека ако ја напушти земјата, 58-годишната Мачадо ќе се смета за бегалец поради истрагите што се водат против неа.
Таа би можела да се соочи со апсење или забрана за влез ако се врати во Венецуела од Осло. Мачадо се плаши дека би можела да биде убиена ако властите ја пронајдат.
„Правам сè, работиме, правиме сè за тој ден. Кога ќе дојде тој ден, можеме да се сретнеме во Норвешка, тоа би била најголемата чест во мојот живот“,
рече критичарката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во интервју за НРК минатата недела.
