Инцидентот се случил рано утринава во центарот на Скопје
Шеесет и четиригодишен велосипедист е повреден откако врз него паднал лим од заштитна ограда на градилиште во центарот на Скопје. Инцидентот се случил рано утринава, а бил пријавен во полиција во 7:30 часот.

„На 15.07.2025 околу 7:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. ‘Даме Груев’ во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште“,
информираат од МВР.
Со возило на Итната медицинска помош велосипедистот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош.