Тинејџерот М. И. (18) со повреди бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“
Осумнаесетгодишно момче од Скопје е повредено откако велосипедист пукал кон него во скопски Чаир. Настанот се случил ноќеска на улица „Методија Митевски“, а бил пријавен во полиција нешто по 1 часот по полноќ.

Тинејџерот М. И. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28), кој со возило го донел повредениот.
„Полициски службеници од Полициската станица ‘Бит-пазар’ извршиле разговор со В. И. (28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул. ‘Методија Митевски’ едно лице, кое било со велосипед, неколкупати од огнено оружје пукало кон М. И. и го напуштило местото“,
наведуваат од МВР.
На местото на настанот е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.