Во Велика Британија од 8 јуни ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за сите оние кои доаѓаат од странство, соопшти денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, појаснувајќи дека целта на мерка е спречување на ширењето на новиот корронавирус.
Секој што доаѓа од странство, вклучително и британските државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тој временски период.
„Откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест“,
рече Пател на прес-конференција.
За непочитување на таа наредба, следува казна од 1 000 фунти. Карантинот не е задолжителен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.