Нападот беше извршен на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејската заедница. Напаѓачот, 35-годишен Британец со сириско потекло по име Џихад ал Шами, беше застрелан од полицијата неколку минути по нападот

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека владата ќе преземе засилени мерки за борба против антисемитизмот по вчерашниот напад врз синагога во Манчестер, во кој беа убиени две лица.
„Ќе ги удвоиме напорите за справување со овој проблем“,
изјави Махмуд за радио „Тајмс“.
Нападот беше извршен на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејската заедница. Напаѓачот, 35-годишен Британец со сириско потекло по име Џихад ал Шами, беше застрелан од полицијата неколку минути по нападот.
Израелската влада ја обвини Велика Британија дека дозволува ширење на неконтролиран антисемитизам низ градовите и универзитетските кампуси.
Махмуд нагласи дека разбира колку се силни чувствата околу конфликтот во Газа, но подвлече дека е важно да нема тензии на британските улици.
„Ќе направиме сè што е потребно за да ја обезбедиме еврејската заедница“,
рече таа додавајќи дека ќе има засилено полициско присуство пред синагогите и други објекти.
Министерка ги осуди одржаните пропалестински протести само неколку часа по нападот, оценувајќи ги како срамни и спротивни на британските вредности.
Полицијата денеска ги откри имињата на убиените: 53-годишниот Адриан Даулби и 66-годишниот Мелвин Кравиц.
Ал Шами со автомобил удрил во група луѓе пред синагогата во Хитон Парк, потоа избодел еден човек, по што бил застрелан од полицијата седум минути по добивањето на првиот повик. Тројца други повредени се хоспитализирани со сериозни повреди.
Тројца осомничени се уапсени поради можно учество во планирање на нападот.