Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (21 декември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
– Случајот од кратовско Куклица од јуни, кога полицајци апсеа полицајци поради групирање за време на ковид-19, стигна на суд: Обвинетите гледаат лична и партиска заднина;
– Зошто комуналното претпријатие од Струмица набавило најскапи и скафандери со највисока заштита: Како се спроведувани итните набавки во време на ковид-19;
– Зошто државата бара приватен партнер за да воспостави систем за следење на акцизната стока – цигари и горива;
– Кратко интервју со шефот на дипломатијата Бујар Османи за блокадата од Бугарија по неговата турнеја во Австрија, Унгарија, Чешка и Романија;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.