Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (2 декември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание ќе дебатираме на тема – толеранција или нетолеранција кон различните од нас. Утре е 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Се одбележува со цел да се крене јавната свест за потребната од инклузија на овие лица во опшстествата и придобивките од тоа за сите. Но, во нашето општество, работите на тој план се движат многу бавно, ако воопшто се движат. Едно неодамнешно истражување покажа дека мнозинството наши граѓани – 52 отсто, не би сакале за сосед да имаат лице со попреченост – физичка или ментална. Само една третина се изјасниле позитивно. Овој сооднос е уште полош за други групи или заедници. На пример, 71 отсто не сакаат за сосед имигрант или странски работник, 77 отсто не сакаат ХИВ-позитивно лице, 52 проценти не сакаат за сосед Ром, а 81 отсто – припадник на ЛГБТИ-заедницата. Што друго открива истражувањето кога малку подлабоко ќе се нурне во податоците и уште повеќе – што се причините за ваквите ставови на граѓаните, вечерва ќе дебатираме со авторката на истражувањето, Наташа Димова од невладината МЦМС, Виолета Петроска-Бешка, професорка на Институтот по психологија на УКИМ и Славчо Димитров, истражувач од Коалицијата Маргини. Кон крај на емисијата ќе објавиме и нова „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.