Новото магазинско издание на „360 степени“ се емитува вечерва (5 април 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ ќе гледате:
-По изборите во Бугарија – многу опции за идна влада, ниедна за брза деблокада на евроинтеграциите на С Македонија;
-Анализа за надмоќноста на квазиинституцијата „лидерска средба“ над институцијата Собрание: Носењето одлуки зад затворени врати од мал број луѓе е одраз на авторитарен, а не на демократски дух, велат експерти по политички систем;
-Во Делегацијата на ЕУ не знаат за постоење јавно-приватно партнерство за „track & trace“ на акцизни стоки во земја членка, какво што сака да воведе Владата. Задршки има и кај бизнис-заедницата;
-С Македонија на мапата на држави во кои се работи невромаркетинг: Дознајте како импулсивно, а не рационално носиме одлуки што ќе купиме и како тоа (може да) го користат компаниите продавачи;
-„Саботажа“.
„360 степени“ почнува во 22 часот на ТВ Алсат.