Првото издание на емисијата „360 степени“ во новата – деветта сезона – се емитува вечерва (12 септември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова магазинско издание:
– За затворот за кој многу сме слушнале, а малку сме виделе – репортажа од струшката населба Теферич каде што казна издржуваат (или барем треба да издржуваат) неколку ВИП-личности;
– Меѓу конфискуваниот имот на Сашо Мијалков за „Империја“ откривме станови под хипотека и дел од неизграден хотел проценет по пазарна вредност како да е готов – зошто обвинителството прифатило да заплени таков имот, за „360 степени“ зборува предметната обвинителка Лиле Стефанова;
– Што мислат во ЕУ за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија – кратко интервју со евроамбасадорот Дејвид Гир;
– Сторија за Воениот оркестар кој доби пофалби од германски „Шпигел“ за изведбата на германската химна при посетата на канцеларот Олаф Шолц на Скопје во јуни;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.