Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое го анализираме исходот од првиот круг на локалните избори, се емитува вечерва (18 октомври 2021 г.) од 21:55 часот на ТВ Алсат
По вчерашниот изборен ден, анализите се уште траат, но главните заклучоци може да се извлечат. Првиот би бил дека победник во првиот круг од изборите е ВМРО ДПМНЕ, со најголем број освоени градоначалнички места – 21, според првичните резултати од ДИК, и најголем број гласови на советничките листи. СДСМ вчера освои деветмина градоначалници. Локалните избори имаат и втор круг, па за заокружување на сликата останува да го почекаме исходот од гласањето на 31 октомври на ниво на Град Скопје, во неколку скопски општини, во Битола, Охрид, Куманово, Кочани…, каде градоначалничката трка не заврши со вчерашното изјаснување. Во општините со доминантно албанско население, ДУИ забележа победа во прв круг на три места. Во некои убедливо води, а во други, како Тетово, ќе има интересни битки во вториот круг. Алијанса ќе мора да го сочека 31 октомври за да се израдува на нова победа на Таравари во Гостивар. За исходот од локалните избори и евентуалното нивно влијание на состојбите на централно ниво, вечерва ќе разговарам со Александар Спасеновски, универзитетски професор, и Џелал Незири, новинар. Ќе видите и неколку теренски стории.
Емисијата почнува во 21:55 часот на ТВ Алсат.