Емисијата „360 степени“, во која гостуваат министерката Мила Царовска, советничката во Бирото за развој на образованието, Ајше Ајрулаи, и универзитетската професорка Виолета Петроска-Бешка, се емитува вечерва (18 декември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Владата го укинува предметот Историја за да ги задоволи барањата на Бугарија. На ова се сведуваат мноштво реакции деновиве по најавите од власта дека се подготвуваат големи промени во основното образование. Од бучната врева, во која доминира наративот дека Зоран Заев продолжува да ги сведува етничките Македонци на дрво без корен, едвај да можеше да се слушне обид за аргументирана дебата. Со какви компетенции излегуваат учениците по завршување на основното образование, дали се тоа барањата на економија и општество во Европа во 21 век, колку се дигитално писмени, разбираат ли што се либерална демократија и пазарна економија и што се нивните права и одговорности во тој систем, што се случува со нивниот личен и социјален развој…
Поедноставено, дали образованието ни е толку квалитетно што некој сега посегнува да го уништи тој квалитет. На оваа тема вечерва разговараме со министерката за образование и наука, Мила Царовска, раководителката на сектор за истражување во Бирото за развој на образованието, Ајше Ајрулаи, и универзитетската професорка Виолета Петроска-Бешка.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.