Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (20 јуни 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во изминатите години политичките партии добиле околу 26,5 милиони евра од државниот буџет за финансирање на нивните активности. Во 2018 година вкупната сума што треба да се троши за оваа намена беше зголемена од 0,06 на 0,15 отсто од изворните приходи на буџетот или за 150 насто. Објаснувањето беше дека така ќе се намали потребата од донации, кои, пак, се врзуваат со ризик од корупција. Дали и колку овој потег се покажа за правилен е едно од прашањата за кои вечерва разговараме со Агим Нухиу, замениик-министер за правда (претставник на ДУИ), Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседатлка на ВМРО-ДПМНЕ, Татјана Димитровска, од Државниот завод за ревизија и Миша Поповиќ, од Институтот за демократија.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.