Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (6 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Од 53 во 2013 г., бројот на пријави за каснување од куче се искачил на 1785 лани; Само десет општини исплатиле отштета од 720 илјади евра во 2022 г. – зошто не може да се реши проблемот за добро и на луѓето и на животните;
– Земјава ќе загуби пристап до значајна сума европски пари ако до 31 мај не го усогласи домашното медиумско законодавство со европското: Ќе биде огромна штета – вели амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир;
– По мноштво пријави до внатрешната контрола и доверба од само шест отсто кај граѓаните, МВР донесе план и воведе тест за интегритет при вработување во полицијата;
– Нова „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.