Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (5 октомври 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва ќе гледате:
– Учебната година почна и во Шуто Оризари, но само формално. Околу 1 000 ученици немаат технички услови за да следат онлајн-настава. Што прави државата?
– Критичарите ја сметаат за член на банда, соработниците ги истакнуваат постигнувањата, како визната либерализација: сторија за професионалниот животопис на Гордана Јанкулоска;
– Во Министерството за правда се пишува закон за вонредна и воена состојба. Опозицијата начелно не е против, а експерти предупредуваат дека ни тоа нема да биде решение на сите дилеми;
– Една година по новинарската објава (ТВ Телма) за апсурдите со хидросистемот „Ѓавато“, сѐ е по старо. Инспекторатот повторно излезе на терен во Дојранскиот Регион и повторно ги констатира истите проблеми;
– „Саботажа“.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.