Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (31 јануари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Владината Служба за општи и заеднички работи изградила и оградила улица на диво во центарот на Скопје; Оштетени мештани пријавиле, градежен инспектор побарал уривање на дивоградбата, но и по неколку месеци, се е по старо; Од СОЗР тврдат дека станува збор за привремено решение;
-Ако оставката на Антони Пешев во 1994 година е најсвежиот пример за поднесена и прифатена оставка на министер од морални причини – како да профункционира институтот „политичка одговорност“ во земјава?
-„Небаре, бугарскиот национален идентитет го набравме од круша или, пак, го откопавме од земја. Тој, исто така, е плод на планирање на културни и политички лидери“ – бугарскиот историчар Димитар Атанасов за тезата дека македонскиот народ и јазик се вештачка творба;
-Зошто неформалниот граѓански надзор над безбедносно-разузнавачката заедница речиси и да не постои и покрај траумата од масовното незаконско прислушување;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.