Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (5 јуни 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание ќе гледате:
– Што под притисок на партнери во коалицијата, што под притисок на реалноста, власта иницира формирање работна група во Собранието која ќе бара решение за ветинг; Со какви ставови влегуваат мнозинството и опозицијата;
– Професорот по уставно право Денис Прешова за идејата за ветинг: „Мислам дека ова ќе претставува вонредна мерка која ќе продуцира вонредни проблеми со кои немаме капацитет да се соочиме“.
– Антикорупциска постапува по пријава за непотизам во Националниот сојуз на глуви. Владата не сака да се меша во Сојузот што се финансира со јавни пари, а го води една фамилија спротивно на ставот на познавачи на темата;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.