Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 декември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва:
– Во Пласница и по Јаоски – Јаоски: новиот градоначалник Алија е брат на досегашниот Исмаил, кој 24 години беше на чело на општината;
– По изборите во Штип, СДСМ не ја слави толку победата на својот кандидат, колку нејзината симболика. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за притисоци, поткуп и загрозување на здравјето на граѓаните;
– Свадби, прослави и погреби во време на ковид-19: јавното здравје наспроти личното право да се слави или да се тагува;
– Може ли стартап-компаниите да бидат еден од двигателите на раст на македонската економија;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.