Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (30 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
– Струен шок за 30 отсто од домаќинствата од 1 јули: Според најавите од Регулаторната комисија за енергетика, месечна сметка од 10 илјади се зголемува на 15 илјади денари;
– Летово ќе поскапи и огревното дрво, а пелетите веќе се со повисока цена;
– Треба ли да се почнува со изградба на автопатите со „Бехтел и Енка“ во кризна година – опозицијата вели „не“, од власта одговараат – напротив;
– „Ако, на пример, со плаќање кауција од неколку милиони евра се добие поштеда од затвор, тоа е нешто што не придонесува за доверба во судството“ – вели германската амбасадорка, Анке Холштајн, во интервју за „360 степени“;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.