Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (20 декември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
– По сторијата дека ќе се гради среде шума на Водно, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вели дека бара правни механизми како ова да се сопре;
– Нови елементи од случајот со купопродажбата на парцели за фотоволтаични централи за потребите на ЕВН по цени многукратно повисоки од пазарните – по Делчевско и Беровско, откривме слична шема и во Прилепско; повторно чкрипи на релација финансиска полиција – обвинителство;
– За женското претприемништво во земјава преку успешни примери и предизвиците со кои се соочени;
– Влезот во НАТО се најавуваше и како шанса за домашната економија, но речиси две години по зачленувањето ниедна наша фирма не добила НАТО-тендер – зошто;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.