Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (7 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Се собира хуманитарна помош за Украина: Скопјанец донирал количка, патерици и други помагала од починатиот син;
-Руската инвазија во Украина носи големо свртување во Европа, полза може да имаат и Северна Македонија и Албанија – интервју со членот на BiEPAG, Флоријан Бибер;
-За да нема празни рафтови во маркетите, од најголемата комора бараат зголемување на ограничените маржи за основните продукти – на 10 отсто во големопродажба и 20 отсто во малопродажба;
-Министерот Бектеши смета дека е во прашање недоразбирање со владината одлука за замрзнување на маржите и најавува допрецизирање веќе утре;
-По тврдењето на Мендух Тачи дека Бугарите ќе бидат трета најбројна заедница во Северна Македонија, во прашавме директорот на Државниот завод за статистика дали е така;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.