Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое ги анализираме можните сценарија по оставката на премиерот, се емитува вечерва (1 ноември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Резултатот од локалните избори е извесен и тој, генерално, значи голема победа на ВМРО ДПМНЕ. Кај етничките Албанци, со исклучок на Тетово, исходот е помалку или повеќе очекуван. Она што не е извесно е што ќе се случува со власта на централно ниво откако Зоран Заев најави оставка од премиерската и лидерската позиција во СДСМ. Во следните денови ќе треба да стане појасно дали ќе опстои актуелното мнозинство во Собранието, иако изјавите што доаѓаат од партнерите на СДСМ досега се во прилог на опстанок, кој би бил мандатар за составување нова влада, би имало ли и други промени во владата – какви или можеби тасот ќе натежне кон ВМРО-ДПМНЕ? Ова ќе бидат прашањата што вечерва ќе ги дебатираме со аналитичарите Петар Арсовски и Александар Кржаловски. Ќе видите и неколку теренски стории.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.