Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерот за правда Бојан Маричиќ, се емитува вечерва (12 декември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Што точно договорија премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во врска со предметите „Монструм“, „Алфа“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“? Меѓу работите поради кои Алтернатива влегува во Владата се споменува и меѓународен ангажман за овие случаи, но во изминатите денови, наместо да стане појасно каков би бил тој меѓународен ангажман, состојбата дополнително се искомплицира. Реагираа институции од правосудството, реагираше експертската, но и општата јавност, а работите останаа неразјаснети. Ова е централната тема за која вечерва ќе разговарам со министерот за правда Бојан Маричиќ, кој е гостин во „360 степени“. Ќе допреме и други прашања – за најавената, па нереализирана посета на косовскиот заменик-министер за правда на осудените за „Диво Насеље“, за заминувањето на Заев и изборите за нов лидер на СДСМ, за блокираниот пристапен процес кон ЕУ… Во финалето на емисијата е новото издание на сатиричниот коментар „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.