Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (21 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Иако не е сосед, Северна Македонија сè почесто станува домаќин на бегалци од војната во Украина – се сретнавме и разговаравме со некои од нив;
-Грижа на земјоделците од Струмичко: Каде годинава ќе заврши пролетната зелка која вообичаено се извезуваше за Украина и Русија; Владата вели дека помага да се најдат нови пазари;
-По одлуката на Владата да го намали буџетот за превенција на ХИВ за 40%: Невладините што работат на терен со ризичните групи се надеваат дека властите ќе се премислат, зашто последиците би биле сериозни;
-Зошто институцијата што ги издава безбедносните сертификати се соочува со одлив на кадри и може ли да се спречи тој процес;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.