Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ – прво по редовната летна пауза – се емитува вечерва (6 септември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Вечерва во „360 степени“:
– Директорот на Државниот завод за статистика во ненајавена посета не Тетовскиот Регион – на терен беше и екипа на „360 степени“;
– Слика од регионите во кои летово дивееја најголемите пожари – штетата се проценува на 31 милион евра;
– Кога легализацијата на дивоградби станува владина политика (наместо исклучок) – близу дивоградбата во Гази Баба, за која известуваме во низа, никна уште еден спорен објект;
– Интервју со поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев: Понекогаш караницата меѓу браќа, се чини, најтешка за решавање, но ќе ја решиме сами, без притисок однадвор;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.