Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат Марко Кртолица, доцент на „Јустинијан Први“, и Благојче Атанасоски, политколог, се емитува вечерва (7 април 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Ако не се случи некоја драматична промена, 2023 г. нема да биде изборна, а во наредната – 2024 г. ќе треба да се одржат и претседателски и парламентарни избори. Веќе почна заземањето политички позиции во однос на прашањето – дали изборите в година треба да бидат одвоени или да се одржат заедно. Во сето тоа има многу партиски калкулации поврзани со очекувањата дека едната или другата варијанта на една или друга политичка групација може да ѝ донесе предност. Какви се законските рокови, а какви подетално и зошто се такви партиските ставови разговараме со Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Благојче Атанасоски, магистер по политички науки.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.