Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (26 октомври 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
– Власта ветува борба против криминалот и корупцијата, но годишниот буџет за судството не стигнува ни до половина од законскиот минимум, а ДКСК никако да се поврзе онлајн со другите институции;
– Прислушувањето во Северна Македонија е без ефективна контрола: Советот за граѓански надзор постои само на харија, а и да профункционира, има ограничени надлежности. Лекцијата од досегашните скандали (како да) останува ненаучена;
– Во пресрет на американските избори, велешани велат дека овојпат ќе заработат многу помалку отколку во 2016 година: „Фејсбук“ ги блокира па бизнисот се сели на други канали;
– Уриме студира македонски јазик и книжевност, а Моника е на превод од албански: колку е атрактивно студирањето на јазикот на другиот;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.