Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (21 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Сметки за парно и до 3 300 денари за соба од 15 до 30 м2 во државниот Дом за стари лица во Аеродром: омбудсманот излезе во ненајавен вонреден надзор во Домот и во БЕГ;
-Протестот на матичните лекари е само привремено во мирување – претседателката на нивното здружение, Лилија Чолакова Дервишова, вели дека ако за две недели нема резултат од работните групи со Министерството за здравство, повторно ќе ги затворат амбулантите;
-Да се воведат квоти за соодветна застапеност на лицата со попреченост во изборната администрација, но и на кандидатските листи за советници и пратеници – за оваа иницијатива од невладиниот сектор прашавме што мислат политичките партии;
-Куќата на Европа во погранична Крива Паланка прослави една година: амбасадорите на ЕУ, Шведска и на Бугарија беа да му додадат на значење на настанот;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.