Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (17 јуни 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Аерозагадувањето во зимата што е зад нас не доминираше како тема во јавниот простор, како што беше во некои изминати години. Можеби, затоа што други прашања, примарно, ги засегаа нашите животи, пред се, пандемијата со ковид-19, а можеби и поради поповолните временски услови што овозможуваа струење на воздухот, а со тоа и незадржување на отровните супстанции и честички во долните зони. Но, ќе дојде нова зима и темата одново ќе се наметне како проблем, а тогаш е веќе доцна посуштински да се интервенира. Токму затоа вечерва, на безбедно растојание од следната зима, одбравме да зборуваме за аерозагадувањето, тема на која комплементарно ќе го надоврземе и прашањето за собирањето и депонирањето на отпадот. Гости во студиото се министерот за животна средина, Насер Нуредини, професорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, кој пред неколку дена беше избран за ректор и извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.