Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (24 јануари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во емисијата објавуваме:
– Најголемата судница во државава, промовирана во 2020 г., сè уште не функционира – Владата никако да купи мебел. Од ЕУ, со чии пари е изграден објектот, со дипломатски укор – знаеме дека ковид-19 одложи многу активности, но ќе беше добро досега да проработеше;
– Реформата од 2019 г. тројно ја зголеми социјалната помош, но дали успева да ги извлечи примателите од „магичниот круг“ на сиромаштијата? Што недостига за вработување на социјално загрозените граѓани и зошто сè уште одбираат да работат „на црно“;
– Скопје во очите на урбанист што не живее овде: Сè е подредено на автомобилите, тешко на пешаците – вели бугарскиот архитект Љубо Георгиев, еден од авторите на „Визија за Софија“;
– Во Софија – подготовки пред утрешната заедничка седница на владите на Бугарија и на Северна Македонија;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.