Новото магазинско издание на „360 степени“ се емитува вечерва (29 март 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ ќе гледате:
– Проверивме колку е тешко или лесно да се дојде до лажна потврда за негативен корона-тест: Стигнавме до фалц-сертификат со лого на јавна здравствена институција;
– Белградскиот саем изминатиот викенд наликуваше на екс Југославија во мало – репортажа за масовната вакцинација на граѓани од целиот регион;
– По сторијата на БИРН за мароканско-андалузиската градба на сто метри од влезот во скопското Кале: нешто е длабоко гнило во државата Македонија;
– Анализа по истражувањето на ЦГК: Зошто општините во Полошкиот регион собираат најмалку данок на имот;
- „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.