Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое, меѓу другото, ја третираме темата за почетокот на спроведувањето во пракса на ДУП-от донесен во 2014 г. во контроверзни околности, се емитува вечерва (13 декември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-На Водно почнува нова битка – една дозвола е веќе дадена, втората е на пат за градби среде шума, според ДУП-от донесен во 2014 г. со спорно мнозинство;
-Бугарија не може да ја објасни позицијата кон Северна Македонија, а прашање е и дали таа позиција може да се објасни – вели познатиот балканист од Белгија, Рајмонд Детрез, во интервју за Бугарската национална телевизија; Првата следна шанса за пробив во јуни в година;
-По изборите во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев ќе се повелече од премиер и што значи „новиот договор“ на Мицкоски?
-Како неформалните да станат формални собирачи на отпад – „Реди рециклирање“ се бори да ја смени реалноста;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.