Новото издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (20 октомври 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1

ВМРО-ДПМНЕ прогласи историски резултат и констатира дека Венко Филипче е декласиран, поради што треба да си даде оставка. Од СДСМ, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ изгубила речиси една третина од гласовите и оти разликата меѓу двете партии се намалува. Кај партиите на Албанците, ВЛЕН слави победа, пред сè, поради исходот во градоначалничките битки, иако на советничките листи заостанува зад коалицијата предводена од ДУИ. Левица и Амар Мециновиќ се изненадувањето во Скопје. Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме:
– како славеа Изет Меџити и ВЛЕН за победата во Чаир;
– како помина изборната ноќ во Скопје во пресрет на вториот круг во кој влегуваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ;
– каква беше атмосферата во Струмица по победата на Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ;
– како се веселеа поддржувачите на Максим Димитриевски од ЗНАМ со хитот на ромски за водството по првиот круг во Куманово;
– што може да се заклучи од гласовите што ги освоија партиите вчера – анализа на бројките;
– разговор со универзитетските професори Александар Спасеновски и Владо Бучковски за резултатот од вчера и за вториот круг;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.