Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (28 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание ќе гледате:
-Наместо пиво, украинска пиварница полни „молотови коктели“, а граѓаните се почесто ги користат за одвраќање на руската агресија; Како помагаат Украинците од С Македонија;
-По оценката на претседателот на МАНУ дека Преспанскиот и договорот со Бугарија ќе ја распаднат Македонија, прашавме за став негови колеги и искусни новинари – од чие име зборува Љупчо Коцарев;
-Колку се почитува еко-законот за наплаќање на пластичните кеси во маркетите – сторија од Тетово;
-Што открива Анализата на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во 28 ковид-центри во земјава, изработена од Центарот за граѓански комуникации;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.