Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (19 декември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Вечерва донесуваме:
– Министерот за економија Крешник Бектеши ја потврди автентичноста на списокот што анонимен испраќач го достави до „360 степени“ – ланци на супермаркети, фабрики, па и рудник со профит од 12 милиони евра лани се на црната листа на оние што се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар за да плаќаат помалку;
– Ќе успее ли најавената рационализација, спојување и укинување на јавни институции – експерти потсетуваат дека за промена на законот е неопходно двотретинско мнозинство, министерот Алити смета на широка партиска поддршка;
– Транспарентноста и отчетноста на безбедно-разузнавачките институции во време на нарасната побарувачка на информации – каква улога треба да играат невладиниот сектор и медиумите;
– За руската агресија на Украина и интересите на Обединетото Кралство во регионот и земјава – кратко интервју со британскиот министер за Европа, Лео Докерти;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.