Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (1 февруари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ објавуваме:
– „Џерусалема“, танцувачкиот предизвик во време на ковид-19 – во светот широко прифатен, кај нас причина за навреди и потсмев – зошто, прашавме комуниколог и психолог;
– Им зел осум и пол илјади евра, а визите за Австралија никогаш не ги обезбедил. Во меѓувреме, ги лажел дека паднал од дрво, дека починал дедо му, дека детето му се разболело… Не доаѓа ни на суд.
– Владата пред одлука да ѝ ја одземе лиценцата за одгледување марихуана на „5 летерс“, фирмата од Крушевско од која беа украдени 60 килограми канабис и во која беше пронајдено непријавено производство;
– Власта сака да се осигура дека идната 5Г-мрежа нема да се гради со опрема на кинеските „Хуавеј“ и ЗТЕ: иницирани измени на Законот за електронски комуникации;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.