Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (23 ноември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва:
– За жителите на битолската населба Баир здравствениот ризик од ковид-19 не е главна грижа: кризата им ја зеде егзистенцијата – собирањето и продажбата на пластика и старо железо;
– Со притисокот на болниците во Скопје, расте притисокот и врз локалните ковид-центри: слика од Тетово, Штип и Струмица;
– Како да се убедат младите да изберат средно стручно образование како влог за пристоен живот во иднина и како да се убедат компаниите да инвестираат во создавање професионален кадар;
– Во последните десет години, со исклучок на 2015 г., континуирано паѓа бројот на патници превезени со воз – зошто;
– „Саботажа“.
Емисијата „360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.