Емисијата „360 степени“, во која гостуваат Милена Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести и Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија, се емитува вечерва (19 март 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Македонија го живее третиот голем бран на ковид-19 по неколкунеделното затишје. Зголемениот број инфекции, речиси извесно, е резултат на т.н. британски сој на вирусот. Но, дали освен повисоко ниво на преносливост, доминантното присуство на британскиот сој со себе носи и пациенти со различна клиничка слика, па дури и поголема смртност, како што покажуваат прелиминарните резултати од некои истражувања, се дел од прашањата што ги отвораме вечерва. Ќе ги анализираме и резултатите од анкетата што ја спроведе Институтот за имунобиологија на улиците на Скопје, земајќи примероци од крв на случајни минувачи. Таа проверка на примерок од илјада граѓани покажа дека речиси една третина од нив имале контакт со вирусот и веќе стекнале имунитет. Кај помладата популација, процентот оди до речиси 40. Дали овие луѓе треба да се вакцинираат и што значи тоа за колективниот имунитет?
Гостуваат директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, и директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.