Емисијата „360 степени“, во која се дебатира на тема „Учество на граѓаните…“, се емитува вечерва (19 февруари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Вечерашнава дебата е на тема – учество на граѓаните во носењето одлуки од јавен интерес на локално и на државно ниво. Овој концепт почива на постулатот дека оние на кои се однесува некоја одлука имаат право да учествуваат и да бидат слушнати при нејзиното носење. Како е кај нас, како треба да биде и какви напори се преземаат на овој план, вечерва разговараме со: амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, чија земја има уникатен политички систем од аспект на директно учество на граѓаните во носењето одлуки на сите нивоа; градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој не е член на партија и важи за еден од најуспешните во овој мандат на локалната власт; граѓанскиот активист Бесим Небиу, кој има огромно домашно и меѓународно искуство во областа.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.