Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (13 јуни 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание донесуваме:
– Два случаи во кои известувањето на „360 степени“ даде резултат – отстранети дивопоставените рампи и ограда кај зградата на владината СОЗР во центарот на Скопје; запрени контроверзните градежни дејствија среде шума на Водно;
– Кога државата ќе те направи кираџија во своја куќа – четири семејства од Скопје 15 години се по судови поради незаконски спроведена денационализација;
– Аплеацискиот суд ја потврдил регистрацијата на Исламската селафистичка заедница: ИВЗ ќе бара повторување на судскиот процес;
– По кризата за зејтин, Владата сака да го удвои производството на сончоглед – дали ќе успее;
– Невладиниот „Субверзивен фронт“ следи и пријавува случаи на вознемирување и дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет: Како реагираат институциите;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.