Емисијата „360 степени“, во која дебатираат министерот Венко Филипче и адвокатите и граѓански активисти Наташа Бошкова и Јанаки Митровски, се емитува вечерва (25 декември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва се дебатира на тема – декриминализација на канабисот, кој модел би бил соодветен за Македонија, какви се искуствата од други држави и кои се намерите на власта. Темата е повторно актуализирана од неколку адреси од невладиниот сектор. Премиерот Зоран Заев, начелно, ја поддржува идејата, но од власта засега нема став дали се прифаќа барањето на граѓанскиот сектор да се дозволи одгледување по неколку стебла марихуана за лична употреба.
Дебатираат: министерот за здравство Венко Филипче, адвокатката и правна советничка во „Маргини“ и ХОПС, Наташа Бошкова, и адвокатот и основач на Здружението „Билка“, Јанаки Митровски.
Емисијата се емитува од 22:00 часот на ТВ Алсат.