Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, се емитува вечерва (16 септември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Ќе има ли рестрикции на струја претстојнава зима, за колку ќе поскапи електричната енергија од Нова година, колку транспарентно и отчетно се трошат милионите евра народни пари во справувањето со енергетската криза – ова се дел од прашањата за кои вечерва разговараме со Васко Ковачевски, директорот на Електрани на Северна Македонија, акционерско друштво во државна сопственост одговорно за производство на електрична енергија. Слушнете – дали навреме, пред зголемената потрошувачка зимава, ќе се рестартира третиот блок во РЕК „Битола“ чиј трансформатор изгоре во ноември минатата година.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.