Новото издание на емисијата „360 степени“, во чиј фокус е политичката драма што ја живее земјава, се емитува вечерва (8 ноември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Има ли мнозинство во Собранието за да и се изгласа недоверба на актуелната влада, е прашањето на чиј одговор ќе почекаме до четврток пред полноќ, кога пратениците ќе се изјаснат за иницијативата што опозицијата заедно БЕСА ја достави денеска до парламентот. Неизвесноста надвиснува откако пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, ги потврди медиумските пишувања од викендов дека се премислува. Во изјава за Алсат, Зејд вели дека кога се потпишувал на иницијативата не му било речено оти таму ќе бидат и потписите на Левица, партија која се залага за укинување на Охридскиот договор, за поништување на, како што велат, двојазичноста како резултат на октроираната Тиранска платформа, за повлекување на признавањето на Косово, за поништување на Преспанскиот договор, итно отчленување од НАТО… Во меѓувреме, врвот на Алтернатива, која има вкупно четворица пратеници во Собранието, заседаваше за да реши за следните чекори.
Емисијата се емитува вечерва од 22 часот на ТВ Алсат.