Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (25 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Спроведувањето на законот за употреба на јазиците се одвива со брзина на желка, ќе констатира Алсат во серијата стории објавени овие денови во дневно-информативните емисии. Видливи проблеми има и кај институциите од самиот врв на владината пирамида – самата влада и одделни министерства. За потсетување, законот со кој значајно се унапреди официјалната употреба на албанскиот јазик на централно ниво во земјава беше првично донесен во јануари 2018 година, а откако тогашниот претседател Ѓорге Иванов одби да го потпише со оценка дека е противуставен, Собранието одново го усвои во март истата година. Поради повторното одбивање на Иванов да го потпише указот за негово прогласување, законот, без потпис од шефот на државата, беше објавен во Службен весник во јануари 2019 година, кога и стапи на сила. Иако законот предвиде рок од една година за прилагодување и усогласување на институциите, во многу институции, три години по стапувањето на сила, се уште не е така. Зошто – вечерва ќе разговараме со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Исени, универзитетската професорка на УКИМ, Ајтене Хајдари Ќамили, и новинарката на Алсат, Фатљуме Дервиши.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.