Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (3 април 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Сомнежите за изборот на надзор над „Бехтел и Енка“ продолжуваат – Министерството за транспорт и врски не одговара дали има друга фирма што за четири работни дена добила лиценца А како „Електра солушнс“;
– Нов спорен елемент во договорот за надзор – како 24 експерти пријавени на 10 часа неделно ќе бидат на градилиштето во текот на целото работно време на „Бехтел и Енка“, како што се барало во тендерот и како што пишува во договорот;
– Од 5 195 украдени точаци во последните пет години полицијата пронашла само 512; Велосипеди украдени во земјава се продаваат во соседството и обратно;
– Дали Бугарија конечно ќе стигне до редовна влада по вчерашните избори кои повторно завршија без јасен победник или наесен ќе оди на шести парламентарни избори во период од две и пол години;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.