Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и директорката на Државен пазерен инспекторат, се емитува вечерва (18 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Вилма Русковска вчера за соработници ги доби истите петмина обвинители кои и до скоро беа дел од нејзиниот тим во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во конкуренција на уште петмина други кандидати. Дали е задоволна од ваквиот исход, како ќе соработува со обвинителката Беслимовска за која првично даде негативна оценка, дали би се пријавила на конкурсот за избор на државен обвинител ако Јовески стане уставен судија, како ги оценува резултатите од работата на институцијата што ја раководи во изминатите три години – се дел од прашањата за кои разговараме со Русковска.
Во „360 степени“, во одделно интервју, гостува и директорката на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска. Може ли државава да се соочи со недостиг од основните прехранбени производи, на пример? Дали недостигот на овој производ е дел од маневрите на трговците во актуелната состојба на криза и антикризни мерки усвоени од власта или има реален кусок? Ова се дел од темите што ќе ги отвориме со директорката ДПИ, институција која е на првата линија на јавниот интерес во последните неколку недели поради задачата да контролира дали трговците ги почитуваат мерките, чија цел е колку-толку, да го зачуваат животниот стандард на граѓаните.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.