Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат вицепремиерот за европски прашања (преку видео-мост од Брисел) и новиот претседател на Комисијата за заразни болести, се емитува вечерва (4 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Со какви сознанија и впечатоци се враќа од Брисел владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која денеска и вчера се сретна со првите луѓе на главните институции на Европската Унија? Има ли изгледи дека декларативните заложби на европските челници за што побрз почеток на пристапните преговори на Северна Македонија и на Албанија со ЕУ наскоро може да се отелотворат? За ова, преку видео-мост со Брисел, разговарам со вицепремиерот Бојан Марачиќ, кој заедно со шефот на дипломатија Бујар Османи, пред Брисел, беше во Париз на средба со функционерот што во тимот на Емануел Макрон најдиректно се занимава со нашето досие – државниот министер за Европа, Клеман Бон.
Со новиот шеф во ресорот здравство, од пред неколку дена, дојде и нов или попрецизно – подновен и проширен состав на Комисијата за заразни болести, советодавно тело на министерот, од кое доаѓаат главните препораки за мерки и политики во актуелната ковид-криза. Комисијата доби и нов претседател – на местото на епидемиологот Жарко Караџовски дојде Александар Петличковски, универзитетски професор, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика. Роден битолчанец, на 49-годишна возраст, кого и пред да биде на оваа позиција, јавноста имаше шанса да го гледа и слуша со неговите ставови, знаење и искуство за пандемијата со која се обидува да се справи светот. Професорот Александар Петличковски е гостин во „360 степени“, со кого отвораме повеќе прашања за најголемиот актуелен здравствен и медицински предизвик.
Емисијата се емитува од 22 часот наТВ Алсат.